ПРВ.мк
Црна Хроника

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од мајка си, па потоа ја претепал - полицијата веднаш реагирала!

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од мајка си, па потоа ја претепал - полицијата веднаш реагирала!

Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил лишен од слобода откако неговата 62-годишна мајка го пријавила во полиција поради агресивно однесување и инцидент што се случил во текот на ноќта.

Според информациите од полицијата, на 17 октомври 2026 година, околу 07:15 часот, полициски службеници од Полициската станица Тетово го лишиле од слобода К.Б. (36) на улицата „Маршал Тито“ во Тетово.

Неговата мајка пријавила дека околу 01:00 часот синот ѝ побарал пари. Откако му дала пари, тој, според пријавата, станал агресивен и побарал уште, при што фрлил тврд предмет кон неа.

Увид на местото на настанот извршила полициска екипа од ОВР Гостивар.

Надлежните служби преземаат понатамошни мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести