ПРВ.мк
Црна Хроника

МАЖ УДРИЛ ВО ВОЗИЛО ОД ПРИДРУЖБАТА НА ДИРЕКТОРОТ НА ПОЛИЦИЈАТА! Полицијата му пронајде нелегално оружје - еве за што се подготвувал!

МАЖ УДРИЛ ВО ВОЗИЛО ОД ПРИДРУЖБАТА НА ДИРЕКТОРОТ НА ПОЛИЦИЈАТА! Полицијата му пронајде нелегално оружје - еве за што се подготвувал!

Црногорската полиција го уапсила М.Ѓ. (65) од Никшиќ, поради сомнение дека попречувал полициски службеници при извршување службена задача и ја загрозил безбедноста на полициската придружба која го обезбедувала директорот на Управата на полицијата на Црна Гора.

Според соопштението на полицијата, инцидентот се случил на 15 октомври на магистралниот пат Никшиќ–Подгорица. Осомничениот, управувајќи автомобил „фолксваген“, наводно недозволено ја претекнал полициската придружба, а потоа намерно остварил контакт со едно од возилата во колоната. Притоа била предизвикана помала материјална штета.

Возачот не застанал и покрај знаците што му ги давале полициските службеници, туку продолжил да се движи. Од полицијата појасниле дека во оштетеното возило не се наоѓала лицето што било под полициска заштита.

Полицијата набргу го запрела автомобилот и утврдила дека со него управувал 65-годишниот маж. Тој одбил да се подложи на алкотестирање, по што возилото привремено му било одземено заради дополнителни проверки.

При претреси пронајдени пиштол и повеќе од 100 куршуми

Во продолжение на истрагата, со наредба на Основниот суд во Никшиќ, полициските службеници извршиле претрес на објекти што осомничениот ги користи во Никшиќ, Даниловград и Подгорица, како и на автомобилот со кој управувал.

При претресите биле пронајдени пиштол од марката „Магнум“ со 14 куршуми, како и дополнителни 117 парчиња муниција од различен калибар. Според полицијата, за пронајденото оружје и муниција осомничениот немал соодветна документација.

Од Управата на полицијата соопштиле и дека за време на полициската обработка, М.Ѓ. изјавил дека знаел чија придружба ја претекнал, а полицијата навела дека ѝ е познат мотивот за неговото постапување.

По разгледувањето на предметот, државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Никшиќ оценил дека постојат елементи на кривично дело спречување службено лице во вршење службено дејствие. Тој наредил осомничениот да биде уапсен и, со кривична пријава, во законскиот рок да биде спроведен пред надлежниот орган.

За понатамошното постапување во врска со пронајденото оружје и муниција, обвинителот ќе одлучи по спроведувањето дополнителни проверки, наведено е во полициското соопштение.

Најнови вести