ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕДЕ ОСУМ ВОЗАЧИ НИЗ МАКЕДОНИЈА! Тројца возеле без дозвола, а еве колку под дејство на алкохол!

ПОЛИЦИЈАТА ПРИВЕДЕ ОСУМ ВОЗАЧИ НИЗ МАКЕДОНИЈА! Тројца возеле без дозвола, а еве колку под дејство на алкохол!

Осум возачи биле лишени од слобода во текот на изминатите 24 часа на различни локации низ државата, откако полицијата утврдила дека сториле кривично дело „безобѕирно управување со возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик.

Според информациите од полицијата, меѓу приведените има тројца возачи кои управувале автомобил без претходно да положат возачки испит. Станува збор за Е.Л. (21), Д.С. (53) и Н.И. (24), сите од Скопје.

Уште четворица биле затекнати како управуваат патнички возила под дејство на алкохол. Меѓу нив се А.С. (28) и И.Б. (61) од Скопје, Ј.К. (36) од Крива Паланка и И.Ј. (54) од селото Клечовце, Кумановско.

Осмиот возач, Џ.М. (45) од селото Калково, Валандовско, бил затекнат зад воланот и покрај тоа што имал активна забрана за управување со моторно возило.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни кривични пријави.

Полицијата повторно апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да не седнуваат зад воланот доколку немаат положено возачки испит, доколку им е изречена забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол.

Надлежните посочуваат дека одговорното однесување на секој учесник во сообраќајот е важно за намалување на ризиците и за поголема безбедност на патиштата.

Најнови вести