ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕАТАРОТ ВО ЦРНО: Замина актерот што обележа генерации!

ТЕАТАРОТ ВО ЦРНО: Замина актерот што обележа генерации!
Kristal

Пратеникот од Левица, Саше Јанчев, преку јавно обраќање реагираше на, како што ги оцени, „координираните политички и медиумски напади“ по поднесеното обвинение за тешката сообраќајна несреќа во која животот го загуби 16-годишно момче.

Јанчев изјави дека свесно молчел во изминатиот период од почит кон семејствата и лицата погодени од трагедијата, нагласувајќи дека повторното јавно навраќање на деталите создава дополнителна траума.

„Жал ми е за сѐ што се случи таа вечер. Не поминува ден да не помислам на тоа. Веднаш по несреќата пружив помош и повикав Итна медицинска помош, правејќи сѐ што беше можно во тој момент“, изјави Јанчев.

Тој посочи дека Итната медицинска помош пристигнала по околу 50 минути и нагласи дека, според него, бил единствениот легален учесник во сообраќајот во моментот на несреќата.

Пратеникот ги демантираше наводите што, како што рече, биле пласирани уште истиот ден преку медиуми блиски до власта, дека бил пијан, под дејство на дрога или дека возел со прекумерна брзина.

„Ништо од тоа не е точно. Не сум возел ‘бесен џип’. Моето возило е старо 20 години, а во јавноста беа објавувани фотографии од луксузни автомобили кои немаат врска со мене“, изјави тој.

Јанчев реагираше и на, како што оцени, рана политичка осуда, посочувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ уште истиот ден одржала прес-конференција за случајот, а дека и премиерот дал изјава која ја доживеал како „суптилна закана со обвинителството“.

Тој негира дека во несреќата „прегазил лице“, оценувајќи дека таквата формулација е неточна и манипулативна.

„Да прегазиш некого значи да поминеш преку него, а тоа во овој случај не се случило“, рече Јанчев.

Во врска со пратеничкиот имунитет, тој нагласи дека ниту се повикал, ниту имал намера да се повика на него, потсетувајќи дека имунитетот не претставува заштита од кривична одговорност.

„Сето ова се прави без никаква чувствителност, иако во оваа приказна не сум само јас – има настрадани лица и длабоко потресени семејства. Уште еднаш жал ми е за сѐ што се случи“, порача Јанчев.

FixCredit
Escape