СВР Тетово поднесе кривична пријава против 25-годишниот С.Д. од Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или расправија“.
Според пријавата, на 11-ти овој месец, во Тетово, осомничениот се обидел со нож да нападне четири малолетни лица. Благодарение на навремената реакција, инцидентот завршил без потешки последици.
Надлежните институции преземаат понатамошни мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
















