ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) Сцена што ја потресе јавноста: Палестинец прегазен додека се молел - ова се деталите!

(ВИДЕО) Сцена што ја потресе јавноста: Палестинец прегазен додека се молел - ова се деталите!
Kristal

Израелската армија соопшти дека во четвртокот израелски резервист со возило удрил Палестинец кој се молел покрај патот во окупираниот Западен Брег, откако претходно испукал неколку куршуми. Инцидентот беше снимен и видеото брзо се прошири на социјалните мрежи, предизвикувајќи силни реакции во јавноста, јавува Ројтерс.

Според официјалното соопштение, случајот е под истрага, а војската наведува дека се проверуваат сите околности под кои дошло до пукањето и потоа до удирањето со возилото. На снимката се гледа како мажот се наоѓа покрај патот, по што следуваат истрели, а неколку моменти подоцна возило го удира.

Настанот се случува во услови на зголемени тензии и чести инциденти на Западниот Брег, каде што безбедносната состојба е дополнително влошена поради тековните судири и операции. Израелската војска соопшти дека ќе преземе соодветни мерки доколку истрагата утврди прекршување на правилата и процедурите.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

FixCredit
Escape