ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШНИ СЦЕНИ ОД АЛБАНИЈА: Двајца загинати, петмина повредени – меѓу жртвите и жена од Македонија

СТРАШНИ СЦЕНИ ОД АЛБАНИЈА: Двајца загинати, петмина повредени – меѓу жртвите и жена од Македонија

Објавени се првите снимки од местото на тешката сообраќајна несреќа во Албанија, во која животот го загубија две лица, меѓу кои и 42-годишната Малтина Ферати од Тетово.

Трагедијата се случила вчера, 14 ноември, околу 10:15 часот, во близина на тунелот Муриз, кај местото Џибер.

Според првичните информации од албанската полиција, од засега неутврдени причини дошло до директен судир меѓу два патнички автомобила.

Во несреќата загинал 42-годишниот Б.О., кој управувал со едното возило, како и тетовката Малтина Ферати, која била сопатничка во автомобил управуван од 45-годишниот А.Ф.

Покрај двајцата загинати, во судирот биле повредени уште пет лица, кои биле пренесени во болница за укажување медицинска помош и дополнителни прегледи.

На местото на несреќата веднаш пристигнале полициски и истражни екипи, кои извршиле увид и започнале постапка за утврдување на причините за трагедијата.

Засега нема официјални информации за тоа што го предизвикало директниот судир, ниту за тежината на повредите на останатите пет лица.

Албанските надлежни институции продолжуваат со истрагата за целосно расчистување на околностите под кои се случила несреќата.