ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Загина 19-годишник од Македонија, паднал од покрив висок околу седум метри!

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА: Загина 19-годишник од Македонија, паднал од покрив висок околу седум метри!

Деветнаесетгодишен жител на Тетово го загубил животот во тешка несреќа што се случила во Италија, каде што младиот човек бил на своето работно место.

Според информациите што ги објавија медиуми на албански јазик, 19-годишникот паднал од покрив од височина од околу седум метри. Тој се здобил со тешки повреди, од кои починал.

Засега нема дополнителни информации за околностите во кои дошло до несреќата, ниту што точно му претходело на падот.

Последното испраќање на младиот тетовец е најавено за утре во Тетово, по пладневната молитва.