Во тешка сообраќајна несреќа на училишен автобус што се случи денеска во близина на местото Лент, во департманот Ен во источна Франција, има неколку жртви и десетици повредени, соопштија локалните власти.
Според градоначалникот на Лент, Ив Кристен, автобусот излетал од патот и удри во дрво во блискиот јарек. Кај две лица настанал срцев застој, додека поголем број патници се здобиле со повреди од различен степен, пренесува телевизијата БФМ.
Неименуван извор запознаен со случајот потврди дека се евидентирани повеќе десетици повредени во оваа трагична несреќа.
Францускиот министер за сообраќај, Филип Табаро, преку платформата „Х“ соопшти дека веднаш упатил кон местото на настанот. Своја реакција имаше и францускиот министер за образование, Едуар Гефре, кој потврди дека училишниот автобус утринава доживеал сообраќајна несреќа и дека има „повеќе жртви“.
Сите надлежни и итни служби се веднаш мобилизирани на теренот.




