Полицијата во Кочани приведе 43-годишен маж осомничен дека во изминатиот период извршил четири тешки кражби со провалување во домови на подрачјето на градот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Д.С., поради сомнение дека провалувал во куќи и други станбени објекти, од каде што одземал предмети.
По судска наредба бил извршен претрес во домот на осомничениот. При претресот биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од пријавените кривични дела.
Од полицијата најавуваат дека по целосно документирање на случаите против 43-годишникот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.



