Страшна авионска несреќа се случи во близина на познатото островo Каталина, во близина на Лос Анџелес, кога медицински хеликоптер во кој се наоѓаа пет лица ненадејно падна и се урна.
Според официјалните информации кои ги соопшти инженерот на противпожарната служба на округот Лос Анџелес, Џонатан Торес, во оваа тешка несреќа живот загубија две лица. Две од повредените лица веднаш се пренесени во најблиските локални болници каде што им се укажува итна медицинска помош, додека по петтиот патник кој се водеше како исчезнат сè уште интензивно се трага.
Според првичните извештаи на медиумите, леталото се срушило многу брзо по полетувањето од самиот остров Каталина.
Надлежните служби го примиле извештајот за падот доцна ноќеска, по што на местото на несреќата веднаш беа упатени сите расположиви спасувачки екипи во соработка со крајбрежната стража, кои во моментов го пребаруваат теренот.







