ПРВ.мк
Црна Хроника

ДВАЈЦА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ СЕ ПОЈАВУВААТ ВО ЈАВНАТА БАЗА „WORST OF THE WORST“ - Еве што е наведено за нив!

ДВАЈЦА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ СЕ ПОЈАВУВААТ ВО ЈАВНАТА БАЗА „WORST OF THE WORST“ - Еве што е наведено за нив!

Двајца државјани на Македонија, Лидија Томески и Владимир Гочевски, се појавуваат во јавната база „Worst of the Worst“ на американското Министерство за внатрешна безбедност (DHS), во која се објавуваат податоци за странски државјани уапсени на територијата на САД.

Според објавените информации, кај Лидија Томески како земја на потекло е наведена Северна Македонија, додека како место на апсење стои Клинтон, Њу Џерси.

Во делот „Crimes“, односно категоријата за кривични дела, за Томески се наведени три категории: „Fraud“ (измама), „Fraud – Illegal Use Credit Cards“ (измама – незаконска употреба на кредитни картички) и „Money Laundering“ (перење пари).

Вториот македонски државјанин што се појавува во базата е Владимир Гочевски. За него е наведено дека бил уапсен во Оклахома Сити, во сојузната држава Оклахома.

Во неговиот запис, во категоријата „Crimes“, е наведено „Dangerous Drugs“, односно опасни дроги.

Сепак, информациите објавени од американското Министерство за внатрешна безбедност се однесуваат на апсења и на категории на дела поврзани со записите за конкретните лица. Самите јавно достапни картички не даваат информација врз основа на која би можело да се утврди дали Томески и Гочевски се правосилно осудени за делата наведени во базата.

Од објавените податоци исто така не може да се утврди каков е нивниот актуелен правен или имиграциски статус во САД.

Не е наведено ниту дали во моментов се наоѓаат во притвор, дали се пуштени на слобода или дали во меѓувреме во нивните постапки е донесена друга одлука.

Затоа, податоците од базата треба да се разбираат како информации поврзани со евидентирани апсења и наведени категории на дела, а не како доказ дека лицата се правосилно осудени за тие кривични дела.