ПРВ.мк
Црна Хроника

МРТОВ ПИЈАН ЗАД ВОЛАН: Маж прегази 5-годишно дете со со 1,74 промили алкохол во крвта!

МРТОВ ПИЈАН ЗАД ВОЛАН: Маж прегази 5-годишно дете со со 1,74 промили алкохол во крвта!

Петгодишно дете било повредено во сообраќајна незгода што се случила во Свети Николе, откако во него удрило патничко возило „Опел“ управувано од 61-годишен возач кој бил под дејство на алкохол.

Според информациите од МВР, на 30 септември 2026 година во 18:30 часот, на улицата „Орце Николов“ во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода М.Ј. (61) од Свети Николе.

Претходно, тој управувал патничко возило „Опел“ со светиниколски регистарски ознаки, при што удрил во велосипед на кој се превезувало петгодишното дете, исто така од Свети Николе.

Во сообраќајната незгода детето се здобило со телесни повреди, кои биле констатирани во здравствена установа.

При преземањето на мерки по незгодата, полицијата утврдила дека 61-годишниот возач го управувал возилото под дејство на алкохол. Кај него биле измерени 1,74 промили алкохол во организмот.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а за случајот бил известен и јавен обвинител.

Од СВР Штип информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава против возачот.