ПРВ.мк
Свет

СЕ СЛУШАЛЕ ЗВУЦИ ОД САНДАКОТ: Старица ја прогласиле за мртва,  а всушност била жива!

СЕ СЛУШАЛЕ ЗВУЦИ ОД САНДАКОТ: Старица ја прогласиле за мртва,  а всушност била жива!

Вистински потресен случај кој ја крена целата јавност на нозе се случи во Кина, каде што седумдесетгодишна жена од провинцијата Хубеј неочекувано се разбуди и поврати свест додека се наоѓаше во ладилник за покојници.

Старицата со години водела тешка битка со мозочна тромбоза и неизлечива болест. Кога медицинските можности биле исцрпени, нејзиното семејство одлучило да ја донесе дома за да ги помине последните моменти во кругот на најблиските.

На 8 септември, домашните забележале дека таа повеќе не дава знаци на живот. Почитувајќи ги локалните обичаи, телото било поставено во мобилна ладилница за покојници за да се сочува додека пристигне останатата роднина. Сепак, следната вечер нејзината снаа слушнала необични и тивки звуци кои доаѓале директно од внатрешноста на сандакот. Преплашените членови на семејството веднаш го отвориле капакот и ја извадиле старицата надвор.

Кога останатите роднини пристигнале на 11 септември, жената била свесна, но нејзината здравствена состојба била исклучително тешка и таа не можела да јаде ниту да пие. Истата ноќ, старицата за жал починала, а нејзиниот погреб бил извршен на 13 септември.

Настанот предизвика вжештени дебати и бројни сомнежи на социјалните мрежи. Претставник на локалните власти појасни дека во сандакот била користена само функција за разладување, а не за длабоко замрзнување, што го овозможило нејзиното преживување. Лекарите истакнуваат дека старицата најверојатно се наоѓала во состојба на таконаречена привидна смрт — состојба во која сите витални функции се толку забавени, а дишењето и работата на срцето се речиси неприметни, поради што лицето делува како веќе да починало.