ПРВ.мк
Црна Хроника

Снаа ја нападнала свекрвата, интервенирала полицијата

Снаа ја нападнала свекрвата, интервенирала полицијата

Во Гостивар попладнево била приведена 30-годишна жена поради сомнение дека физички ја нападнала својата свекрва.

Според информациите од полицијата, инцидентот бил пријавен на 21 август околу 16:15 часот, по што полициски службеници ја лишиле од слобода В.А. (30) од тетовско.

Таа е задржана во полициска станица, а надлежните работат на целосно расчистување и документирање на случајот.

По завршувањето на постапката, против 30-годишната жена ќе биде поднесена соодветна пријава.

Засега не се соопштуваат повеќе детали за причините што довеле до физичката пресметка, ниту дали свекрвата се здобила со повреди.