ПРВ.мк
Црна Хроника

СЕМЕЈНА РАСПРАВИЈА ЗАВРШИЛА СО НАПАД СО ОСТАР ПРЕДМЕТ: Уапсен 35-годишник кој го нападнал сопствениот брат!

СЕМЕЈНА РАСПРАВИЈА ЗАВРШИЛА СО НАПАД СО ОСТАР ПРЕДМЕТ: Уапсен 35-годишник кој го нападнал сопствениот брат!

Триесет и петгодишен маж е приведен во гостиварско село откако, по семејна расправија, според пријавата, со остар предмет го нападнал својот брат.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 15 ноември 2026 година. Истиот ден, во 18:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишиле од слобода А. Н. (35).

Според пријавеното, инцидентот се случил во дворот на семејната куќа, каде што по расправија дошло до напад врз неговиот брат.

Од МВР посочуваат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.