ПРВ.мк
Црна Хроника

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ВЕЛЕС: Малолетен син ја нападнал мајка си и ѝ се заканувал - Полицијата постапува по пријавата!

СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ВЕЛЕС: Малолетен син ја нападнал мајка си и ѝ се заканувал - Полицијата постапува по пријавата!

Четириесетгодишна жена од Велес пријавила дека била физички нападната и дека ѝ било заканувано од страна на нејзиниот малолетен син, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен на 11 септември, во 20:50 часот, во СВР Велес. Според пријавеното, нападот се случил во домот на 40-годишната велешанка.

За настанот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Велес.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.