СВР Тетово поднесе кривична пријава против 61-годишен жител на село Желино, поради сомнение дека сторил кривично дело „полово вознемирување“.
Според пријавеното, случајот траел повеќе од еден месец. Мажот, наводно, секојдневно влегувал во продажниот објект каде што работела жената, но тоа го правел во моменти кога таа била сама.
При секое такво доаѓање, според полициските информации, тој ѝ упатувал недолични и несоодветни зборови, поради што случајот бил пријавен во полиција.
Од СВР Тетово информираат дека против пријавениот е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“.





