ПРВ.мк
Црна Хроника

Се води битка за животот на 13-годишникот: Клековски откри каква е неговата состојба

Се води битка за животот на 13-годишникот: Клековски откри каква е неговата состојба

Министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека 13-годишното дете, кое беше тешко повредено со убод во пределот на срцето во Чаир, е во стабилна состојба, но опасноста по неговиот живот сè уште не е надмината.

Клековски посочи дека последните информации со кои располага се од вчера и дека детето останува во животозагрозувачка состојба.

Како позитивен показател, министерот ја издвои состојбата на срцето.

„Од добрата страна, кинетиката, движењето на срцето, е во ред, меѓутоа сè уште е во животна опасност“, изјави Клековски.

Тринаесетгодишникот беше тешко повреден во физичка пресметка што се случи на 31 август на подрачјето на Чаир. Во инцидентот беа повредени уште две лица, а надлежните институции отворија постапка за расчистување на случајот.

Иако стабилната состојба и уредното движење на срцето се охрабрувачки показатели, според последната информација од министерот, детето и натаму е во животна опасност.