ПРВ.мк
Црна Хроника

Инцидент во автобус на ЈСП среде Скопје: 67-годишна жена со тешки телесни повреди

Инцидент во автобус на ЈСП среде Скопје: 67-годишна жена со тешки телесни повреди

Тешка незгода се случила во автобус на ЈСП во Скопје, при што 67-годишна жена од Делчево се здобила со тешки телесни повреди.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 2 септември 2026 година, околу 16:20 часот.

Додека автобусот се движел по булеварот „Крсте Мисирков“, при кочење од страна на возачот паднала патничката Г.С. (67) од Делчево.

Жената била пренесена во ЈЗУ „Свети Наум Охридски“ во Скопје, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди.

На местото бил извршен увид, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила незгодата.