ПРВ.мк
Црна Хроника

Полицијата интервенираше : Млада мајка приведена поради питачење со бебе

Полицијата интервенираше : Млада мајка приведена поради питачење со бебе

Полициски службеници од СВР Куманово привеле 23-годишна жена од Куманово по претходна пријава дека питачела со своето едномесечно бебе на наплатната станица Романовце.

Според информациите од полицијата, на 2 септември 2026 година, околу 18 часот, од слобода била лишена Д.Р. (23) од Куманово.

Полициската интервенција следувала по претходно добиена пријава дека младата жена питачела на наплатната станица Романовце, а со себе го имала и своето бебе старо само еден месец.

Д.Р. била приведена во полициска станица.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.