ПРВ.мк
Црна Хроника

Вознемирена мајка пријавила во полиција: Возрасен маж го претепал нејзиниот малолетен син

Вознемирена мајка пријавила во полиција: Возрасен маж го претепал нејзиниот малолетен син

Малолетник бил физички нападнат од повозрасно машко лице на улица во Битола, информира Министерството за внатрешни работи.

Според полицискиот билтен, ноќеска во 00:15 часот во СВР Битола, Х.Г. од Битола пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат.

Инцидентот, според пријавеното, се случил на улицата „Генерал Васко Карангелевски“ во Битола.

Засега не се соопштени повеќе детали за причините за нападот, идентитетот на лицето кое наводно го нападнало малолетникот, ниту за евентуалните повреди.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.