Кумановец е осомничен дека со фалсификувана потврда дошол до нова македонска возачка дозвола, откако претходно ја заменил македонската дозвола со германска.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Х.У. поради сомнение за поднесување лажни докази и фалсификување исправа.
Според МВР, тој прво ја заменил македонската возачка дозвола со германска. Подоцна, при постапката за повторно издавање македонска дозвола, во Одделението за возила и возачи во Куманово приложил фалсификувана потврда.
Врз основа на документот, му била издадена нова македонска возачка дозвола.






