ПРВ.мк
Македонија

ЗАПОЧНА НЕВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА - Во овие делови од Македонија веќе има пороен дожд и грмежи!

ЗАПОЧНА НЕВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА - Во овие делови од Македонија веќе има пороен дожд и грмежи!

Пороен дожд и грмежи веќе ја зафатија Македонија, а првите посериозни нестабилности се забележуваат во планинските предели во источниот дел од земјата.

Развиена е грмежна облачност, проследена со пороен дожд, а локално се можни и поинтензивни врнежи во краток период.

Нестабилното време во текот на денот може постепено да се прошири и кон други делови од земјата.

Се препорачува зголемено внимание за возачите, особено на делниците со намалена видливост и влажни коловози, како и за граѓаните кои се на отворено во близина на активна грмежна облачност.