ПРВ.мк
Црна Хроника

КРВАВО УТРО ВО АРАЧИНОВО: Отворен оган кон автомобил - еве колку лица се повредени!

КРВАВО УТРО ВО АРАЧИНОВО: Отворен оган кон автомобил - еве колку лица се повредени!

Двајца мажи се повредени во вооружен напад во Арачиново, откако било пукано кон автомобил „шкода“ со скопски регистарски ознаки.

Инцидентот бил пријавен утрово во 5:45 часот во СВР Скопје. Полицијата утврдила дека во возилото се наоѓале И.И. (34) и Ш.И. (42), кои се здобиле со повреди.

Повредените биле пренесени во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје за лекарска помош.

Полицијата работи на расчистување на случајот и утврдување на околностите и сторителот на нападот.