Четириесет и петгодишен гостиварец е осомничен дека се обидел да ја силува својата сопруга, а потоа физички ги нападнал и нивните две малолетни деца.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.Т.(45) поради сомнение за силување во обид и телесна повреда.
Според информациите од МВР, на 15 август во семејниот дом тој ја принудувал својата 35-годишна сопруга на сексуални односи.
Пријавениот физички ги нападнал и нивните две малолетни деца. објави Скопје1.мк






