Триесетгодишен жител на Куманово е лишен од слобода по пријава дека неовластено допирал 18-годишна девојка, а потоа избегал од местото со мотоцикл.
Според информациите од МВР, настанот се случил на 20 август околу 00:15 часот, додека девојката се движела по улицата „Никола Карев“ во Куманово.
Н.Ј. (30) е осомничен дека ја допирал девојката по телото, по што побегнал со мотоцикл.
Полицијата го лишила од слобода на 22 август во 22:30 часот и го задржала во полициска станица.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






