ПРВ.мк
Црна Хроника

ПУКАЊЕ ВО СТРУГА: Куршуми завршија во станбен објект - МВР со детали!

ПУКАЊЕ ВО СТРУГА: Куршуми завршија во станбен објект - МВР со детали!
Kristal

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 48-годишниот Г.М. од селото Подмоље, во општина Дебрца, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Според полициските информации, инцидентот се случил на 30 октомври на улицата „Маркс – Енгелсова“ во Струга, кога осомничениот од патничко возило марка „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, употребил огнено оружје. Со пиштол од марката „Взор“, калибар 7,65 милиметри, тој испукал повеќе истрели во правец на стан во сопственост на лице од Струга.

Случајот е целосно документиран и доставен до надлежното обвинителство.

FixCredit
Escape