ПРВ.мк
Црна Хроника

Пукал од возило во движење: Уапсен 26-годишен скопјанец

Пукал од возило во движење: Уапсен 26-годишен скопјанец

Полицијата уапси 26-годишен скопјанец по инцидент со пукање во Драчево, во близина на угостителски објект на улицата Драчевска.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 19 август околу 13:50 часот.

Л.Р. (26) од Скопје, според пријавеното, од возило во движење извадил пиштол и испукал неколку куршуми во воздух. Во тој момент од угостителскиот објект излегувале гости.

Полициските службеници интервенирале и го лишиле од слобода 26-годишникот. Пиштолот бил пронајден и одземен, а осомничениот бил приведен и задржан во полициска станица.

Од МВР не се наведува дека во инцидентот има повредени лица.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Според информациите, станува збор за сомнение за кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.