ПРВ.мк
Црна Хроника

Од затвор ѝ се заканувал на сопругата: „Кога ќе излезам, ќе те убијам“

Од затвор ѝ се заканувал на сопругата: „Кога ќе излезам, ќе те убијам“

Полицијата расчистува случај во кој 44-годишен затвореник од радовишко село телефонски ѝ се заканил со смрт на својата 25-годишна сопруга, додека издржувал затворска казна за семејно насилство.

Според информациите од МВР, на 11 август 2026 година, Ш.М. (44), додека се наоѓал на издржување затворска казна во затворот во Штип, телефонски ја контактирал својата сопруга.

При разговорот, тој наводно ѝ се заканил дека откако ќе излезе од затвор ќе ја лиши од живот неа, но и членови на нејзиното семејство.

По пријавувањето на случајот, Одделот за криминалистичка полиција, во координација со СВР Штип и ОВР Радовиш, презел мерки за негово расчистување.

Полициските службеници, заедно со вработени во затворската установа, успеале да го пронајдат мобилниот телефон од кој бил упатен повикот, по што со 44-годишникот бил извршен службен разговор.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.