Нови информации излегоа во јавноста за случајот со мажот и жената кои беа пронајдени мртви во стан во централното подрачје на Скопје. Иако првично беше објавено дека станува збор за државјани на Тајван, според последното соопштение на МВР, двајцата се од Кина.
На 2 септември околу 13:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека Н.М. во стан ги пронашла починати својата 50-годишна мајка Ч.Т.Ј. и 37-годишниот сопруг на нејзината мајка, Ш.Л.Ф.
Според информациите на полицијата, Н.М. претходно истиот ден, во 00:49 часот, ги пријавила двајцата за исчезнати.
На местото пристигнал лекар од Судска медицина, кој ја констатирал смртта. При првичниот преглед не биле забележани видливи траги на насилство.
Телата на починатите се предадени на обдукција, која треба да помогне во утврдувањето на точната причина за нивната смрт.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Засега официјално не е соопштено што довело до смртта на мажот и жената.










