ПРВ.мк
Црна Хроника

Полицијата реагираше по пријава од татко – приведен маж поради вознемирување малолетничка

Полицијата реагираше по пријава од татко – приведен маж поради вознемирување малолетничка

Полициски службеници од СВР Тетово привеле 45-годишен жител на Тетово, по претходна пријава дека вознемирувал малолетна девојка.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, А.Р. (45) од Тетово бил лишен од слобода на 5 октомври околу 18:35 часот.

Полицијата постапила по пријава поднесена од 52-годишен жител на Тетово.

Тој пријавил дека на 30 септември неговата малолетна ќерка била вознемирувана од 45-годишниот маж.

Осомничениот бил приведен, а полицијата продолжува со документирање на случајот.

Од МВР информираат дека по целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.