ПРВ.мк
Спорт

Голема разлика на вчерашниот меч меѓу Пелистер и Гдањск

Голема разлика на вчерашниот меч меѓу Пелистер и Гдањск

Еурофарм Пелистер го совлада полскиот Вибжеже Гдањск со 34:27 во Битола и ги задржа шансите за пласман во следната фаза од Европската лига. Филип Кузмановски постигна осум гола и го предводеше домашниот тим до втората победа во групата.

Со триумфот во петтото коло, битолчани стигнаа до пет бода и сега имаат само бод помалку од Гдањск. Гумерсбах има четири бода, а Ла Риоха е на три, со натпревар помалку.

Токму Ла Риоха ќе биде последниот противник на Пелистер во групната фаза. Битолчани ќе гостуваат во Шпанија, каде што ќе се борат за бодови што би можеле да им донесат пласман во следната фаза.