ПРВ.мк
Црна Хроника

Полицијата приведе родители: Осомничени дека физички и психички ја малтретирале ќерката

Полицијата приведе родители: Осомничени дека физички и психички ја малтретирале ќерката

Полицијата во Куманово привела две лица од липковското село Отља, откако биле пријавени дека физички и психички ја малтретирале својата 18-годишна ќерка.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 20 август околу 16:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Н.Ј. (43) и Х.И. (53).

Двајцата биле приведени во полициска станица по пријавата за малтретирање на девојката.

Од МВР информираат дека случајот се документира, а по неговото целосно расчистување против родителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.