Маж на возраст од 47 години со прострелна рана бил пронајден завчера на кејот на реката Вардар, при што во негова непосредна близина бил откриен и пиштол. По настанот, тој бил итно пренесен на лекување во скопските клиники.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 17 декември 2025 година, околу 12:35 часот, Итната медицинска помош ја известила Полициската станица Аеродром дека на кејот на Вардар е затекнат повреден маж со повреда нанесена од огнено оружје.
Повредениот бил транспортиран во Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“, каде му била укажана соодветна медицинска помош. На местото на настанот бил извршен увид, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
















