ПРВ.мк
Црна Хроника

Почина двегодишното дете повредено за време на новогодишната ноќ

Почина двегодишното дете повредено за време на новогодишната ноќ
Kristal

Утрово, на скопските клиники, почина двегодишното дете кое беше тешко повредено за време на новогодишната ноќ. Според првичните информации, детето било погодено од залутан метален проектил додека гледало огномет.

Како што претходно беше објавено, во моментот на инцидентот детето се наоѓало надвор со својата мајка, која го држела во раце. Во тој момент било погодено, по што веднаш било пренесено во болница.

Најпрво било згрижено во Градската болница, а поради сериозноста на повредите подоцна било префрлено на Клиниката за детска хирургија. Лекарите утврдиле сериозно внатрешно крварење во мозокот, при што состојбата била оценета како исклучително тешка и животозагрозувачка. Детето било под постојан медицински надзор, но, и покрај напорите на лекарите, им подлегнало на повредите.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, претходно информираше дека станува збор за еден од најсериозните инциденти за време на новогодишната ноќ. Тој посочи дека повредата е предизвикана од метален фрагмент и дека сите околности под кои се случил настанот се предмет на натамошна истрага.

FixCredit
Escape