Семејството и пријателите со итен апел ја бараат помошта од јавноста за пронаоѓање на младиот Македонец Стивен Ивановски, кој се води како исчезнат по трагичниот пожар во Швајцарија.
Стивен последен пат бил забележан на 31 декември, за време на пожарот што избувна во барот „Ле Констелејшн“ во зимскиот центар Кран-Монтана. Од тој момент, нема информации за неговата состојба или локација.
Според објавите на неговите блиски, во кобната ноќ тој бил облечен во бели панталони и бел дуксер, како на фотографиите што кружат на социјалните мрежи. Можно е да носел и препознатливи очила за сонце, кои често ги има на себе.
Семејството моли секој што можеби го видел Стивен или има сознанија дали бил примен во болниците во Женева или Цирих, веднаш да се јави на следните телефонски броеви:
076 415 0868
076 385 7165
078 229 5745

„Братучед ми исчезна за време на пожарот во Швајцарија. Ве молиме, доколку имате каква било информација, контактирајте нè“, стои во апелот на семејството.
















