Инцидент со малолетничко насилство е пријавен во скопската населба Влае, каде што 16-годишно девојче било физички нападнато од двајца малолетници кои ги познавала.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 31 декември 2025 година во 10:40 часот во СВР Скопје, 42-годишната Д.П. од селото Волково пријавила дека претходната вечер, на 30 декември околу 22:30 часот, нејзината ќерка била нападната во парк на подрачјето на населбата Влае.
Како што било пријавено, нападот го извршиле двајца малолетници со кои девојчето било претходно запознаено, при што таа се здобила со телесни повреди.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.
















