ПРВ.мк
Свет

Еден министер за одбрана категоричен: НАТО нема место за Украина

Еден министер за одбрана категоричен: НАТО нема место за Украина
Kristal

Словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак изјави дека Украина никогаш нема да стане членка на НАТО, изнесувајќи остри ставови кон западните земји кои ѝ даваат поддршка на Киев. Во изјава за словачката новинска агенција TASR, тој нагласи дека ваквите очекувања се нереални и политички штетни.

Според Калињак, Европската Унија не треба да се обидува да презема улога во областа на колективната одбрана, бидејќи тоа, како што вели, е исклучива надлежност на НАТО. Тој смета дека паралелното постоење на два одбранбени командни системи би довело до хаос и неефикасност, наместо до поголема безбедност.

Министерот предупреди и дека идејата за формирање заедничка европска армија претставува опасен чекор кон федерализација на Европа. „Или сме дел од НАТО и тогаш ваква армија не ни е потребна, или одиме во насока на целосно политичко обединување на Европа“, изјави Калињак.

Тој повторно ја нагласи својата позиција дека Украина нема перспектива ниту за членство во НАТО, ниту, според него, за брзо приклучување кон Европската Унија. Според Калињак, таканаречената коалиција на земји што ја поддржуваат Украина не презела конкретни чекори со реално значење.

„Дали испратија војници? Не. И нема да испратат“, заклучи словачкиот министер, додавајќи дека реалната поддршка е далеку помала од политичките изјави што се даваат во јавноста.

FixCredit
Escape