ПРВ.мк
Свет

ОФИЦИЈАЛНО: Објавени првите целосни податоци за трагедијата во Швајцарија – десетици жртви

ОФИЦИЈАЛНО: Објавени првите целосни податоци за трагедијата во Швајцарија – десетици жртви
Kristal

Швајцарските власти пред малку ги изнесоа првите официјални информации за пожарот што ја потресе земјата на новогодишната ноќ, објаснувајќи ја точната хронологија на трагичните настани.

Чад бил забележан во 1:31 часот по полноќ, а само една минута подоцна, во 1:32, на местото пристигнале првите полициски патроли. За многу кратко време биле ангажирани и дополнителни екипи на итната медицинска помош, пожарникари и други служби од целиот кантон.

Повредените лица биле евакуирани и транспортирани во повеќе болници низ регионот, додека противпожарните екипи успеале релативно брзо да го стават пожарот под контрола и да спречат негово понатамошно ширење.

Надлежните институции веднаш започнале со истрага за утврдување на причините за несреќата. До 5 часот наутро, според официјалните информации, сите повредени биле медицински згрижени.

Најновите потврдени податоци говорат за најмалку 40 загинати и 115 повредени лица, при што значителен дел од повредените се во тешка и животозагрозувачка состојба. Истрагата продолжува, а јавноста очекува дополнителни детали во текот на денот.

FixCredit
Escape