ПРВ.мк
Македонија

Пензионерите добиваат ново покачување: Линеарен раст на пензиите повторно - ова се деталите

Пензионерите добиваат ново покачување: Линеарен раст на пензиите повторно - ова се деталите
Kristal

Премиерот Христијан Мицкоски најави ново линеарно зголемување на пензиите кое ќе се реализира во април, со исплата на мартовската пензија. Изјавата ја даде за време на работната посета на општина Кавадарци, одговарајќи на прашања од новинарите.

Тој истакна дека Владата продолжува со истата политика на еднакво зголемување на пензиите за сите пензионери, нагласувајќи дека ваквиот пристап е оправдан и потврден со најновите податоци на Државниот завод за статистика, особено оние што се однесуваат на стапката на сиромаштија и т.н. „џини-коефициент“.

Мицкоски потсети дека линеарното зголемување започнало уште во 2024 година, кога во ноември пензиите беа зголемени за 2.500 денари со исплатата на октомвриската пензија. Потоа следеше уште едно зголемување од 2.500 денари во април за мартовската пензија, како и дополнително покачување од 1.000 денари во ноември 2025 година. Според најавата, истата практика ќе продолжи и во април 2026 година, со ново линеарно покачување за сите пензионери.

Премиерот нагласи дека главната цел на овие мерки е директно намалување на сиромаштијата кај пензионерската популација, како и намалување на економската нееднаквост меѓу различните општествени групи, што се мери преку „џини-коефициентот“.

„Во овој сегмент се движиме во позитивна насока. Македонија моментално има најдобри показатели во регионот и се наоѓа над европскиот просек кога станува збор за џини-коефициентот. Борбата против сиромаштијата останува еден од клучните приоритети на Владата и ќе продолжиме со вакви политики и во иднина“, истакна Мицкоски.

FixCredit
Escape