По кратко и тешко боледување, на 60-годишна возраст, почина Јулијана Тануровска, долгогодишен новинар и уредник на Сателитската програма на Македонската радио-телевизија.
Тануровска остави длабока и трајна трага во македонското новинарство, особено како признат експерт за црковно-религиозни прашања. Нејзините колеги и соработници ја паметат по професионалноста, посветеноста и човечноста, кои ја обележаа нејзината богата и успешна кариера.
Погребот ќе се одржи в недела на Градските гробишта во Бутел.