Студена хорор-приказна ја потресе Америка: тинејџерка била најдена во сопствениот дом речиси мртва – тежела само 15 килограми. Девојчето, кое полицијата го опиша како „жив скелет“, со години било затворено во својата соба и намерно изгладнувано од семејството кое требало да ја штити.
Случајот се случил во населбата Грин Ерт Трејлер Корт во Онеида, каде што полицијата пристигнала откако самиот татко, 47-годишниот Волтер Гудман, повикал 911 пријавувајќи дека девојчето „не јадело со денови“ и е во коматозна состојба.
Заклучена, снимана и контролирана со години
Истрагата открила кошмарни детали: девојчето било заклучено во нејзината соба со години, следено со безбедносна камера, и практично немало право да зборува освен „кон камерата“. Кога била најдена, изгледала како дете од 6–8 години – иако била тинејџерка.
Во болницата признала дека последен пат излегла од дома пред многу години, кога имала околу 10–12 години.
На персоналот им рекла нешто што ги замрзнало: „Татко ми ќе се налути ако јадам премногу.“
Порачувале по СМС да не јаде – документиран хорор
Полицијата пронашла пораки меѓу осомничените со јасни инструкции:
- „давајте ѝ вода само во одредени периоди“
- „нема право да излезе од собата“
- „земи го и душекот“
Ова докажува дека изгладнувањето било организирано и намерно.
Девојчето било примено со тешка неухранетост, хипотермија, рани од лежање и знаци на пропаѓање на органите, вклучувајќи срцева и респираторна инсуфициенција.
Дури и по започнување на лекувањето, нејзините пишани пораки биле едноставни и срцепарателни:
„Гладна сум.“ „Ми треба ужина.“ „Кога можам да јадам?“
Докторите изјавија дека изгледала „како скелет“, а телото ѝ било „само кожа и коски“.
Кој е обвинет?
На 10 ноември биле уапсени четири лица што живееле во домот:
- Волтер Гудман (47) – татко
- Мелиса Гудман (50) – маќеа
- Савана ЛеФивер (29) – ќерка на Мелиса
- Кајла Стемлер (27) – партнерка на Савана
Сите се соочуваат со тешки обвиненија за хронично занемарување и малтретирање на дете.
Таткото им рекол на полицајците дека девојчето „не било на доктор година и пол“, додавајќи навредлив коментар за мајката – уште една мрачна трага како се однесувал кон детето.
Добрата вест: таа преживеа
По хоспитализацијата, девојчето чудесно почна да се опоравува. Денес е надвор од болница, се здебелува, комуницира, јаде без страв и живее во безбедност.
Нејзината баба и дедо изјавија:
„Се чувствува добро. Конечно е слободна.“















