ПРВ.мк
Македонија

ТРАГЕДИЈА НА НЕБОТО: Македонец (57) починал среде летот Чикаго–Белград

ТРАГЕДИЈА НА НЕБОТО: Македонец (57) починал среде летот Чикаго–Белград
Kristal

Тежок инцидент се случил денес на летот Чикаго–Белград, кога 57-годишен маж од Македонија ненадејно се почувствувал лошо додека авионот се наоѓал над Атлантикот. Според српските медиуми, патниците и екипажот забележале дека мажот ја губи свеста, по што веднаш била повикана медицинска помош.

Кабинскиот персонал веднаш реагирал – му дал прва помош, направил реанимација и се обидел да го стабилизира додека авионот продолжувал кон Белград. И покрај сите напори, патникот не покажал знаци на подобрување.

По слетувањето во Белград, лекарските екипи ја презеле интервенцијата, но за жал само можеле да констатираат смрт.

Сведоците велат дека сцената била потресна и дека целиот авион за миг останал во тишина додека персоналот се борел за неговиот живот. Причината за смртта засега не е официјално соопштена.

Escape