ПРВ.мк
Свет

„Нов Нострадамус“ предупредува: Светот оди кон Трета светска војна – објавени трите најопасни датуми

„Нов Нострадамус“ предупредува: Светот оди кон Трета светска војна – објавени трите најопасни датуми
Kristal

Индискиот астролог Кушал Кумар, кој на интернет-сцената е познат како „новиот Нострадамус“, повторно ја вознемири јавноста со своите најнови предвидувања. Тој тврди дека светот влегува во пресуден период и дека голем глобален конфликт – Третата светска војна – може да започне многу порано отколку што луѓето очекуваат.

Кумар користи ведска астрологија и уверува дека преку неа успеал да предвиди дел од конфликтите кои денес ја потресуваат планетата. Според него, 2025 година е „експлозивна“ и исполнета со знаци кои укажуваат на ширење на геополитичките кризи.

„Израел веќе е во војна која може да се прошири. Украина е новото жариште каде НАТО може да биде вклучен. Корејскиот Полуостров е под висок притисок, а Кина и Тајван се на раб на нова ескалација,“ предупредува Кумар.

Според него, смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси е само уште еден показател дека планетарните влијанија се движат кон масовен глобален судир.

Трите датуми што ги смета за „фатални“

Кумар дури прецизира три можни датуми кога, според неговите пресметки, би можело да започне глобалниот конфликт:

  • 29 мај
  • 10 јуни
  • 18 јуни – кој го нарекува „најсилен планетарен стимул“ за почеток на Третата светска војна.

Тој не наведува кои држави би биле директни учесници, ниту кој би победил, но тврди дека конфликтот би бил „широк, ненадеен и со последици какви човештвото не видело“.

Сепак, многумина на социјалните мрежи се потсмеваат со неговите предвидувања. „Кажи ми кој ќе ја освои Лигата на шампионите, треба да заработам пред крајот на светот,“ се шегуваат во коментарите.

Иако овие тврдења не се научно потврдени, тие брзо се шират и создаваат нов бран страв и интерес низ целиот свет.

Escape