Рано утринава, околу 04:30 часот, во СВР Охрид била пријавена тешка семејна расправија која завршила со напад со секира. Според информациите на портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, 34-годишната Џ.Р. физички го нападнала својот невенчан сопруг, стар 40 години, а потоа се обидела да го удри и со секира.
Инцидентот предизвикал итна полициска интервенција, а напаѓачката веднаш била приведена. Случајот се документира и по неговото целосно расчистување против жената ќе биде поднесена кривична пријава.
Полицијата засега не открива што ја предизвикало жестоката расправија, но истрагата продолжува.
















