Четири неексплодирани гранати биле пронајдени во близина на регионалниот пат Р-1401, на подрачјето на Валандово.
Случајот бил пријавен на 25 септември 2026 година, околу 12:50 часот, во Полициската станица Валандово од страна на 59-годишниот В.К. од Валандово.
Според пријавеното, гранатите биле пронајдени на место викано крстосница „Чалакли“, во близина на регионалниот пат.
По пријавата, веднаш била известена Дирекцијата за заштита и спасување, чии надлежни екипи треба да преземат активности за безбедно подигнување и отстранување на неексплодираните гранати.
Надлежните институции преземаат мерки за обезбедување на местото и безбедно постапување со пронајдените средства.







