Осумгодишно дете од гостиварското село Дебреше било тешко повредено откако со детски мотор удрило во паркирана тракторска приколка во двор од куќа.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во ОВР Гостивар на 3 септември во 16:40 часот.
По несреќата, детето било пренесено во Ургентниот центар во Гостивар, каде му била укажана лекарска помош. Поради сериозноста на повредите, осумгодишникот потоа бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.










