Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против 29-годишниот Е.А. од селото Бајрамовци, Општина Центар Жупа, поради сомнение дека нападнал полициски службеници, а по приведувањето оштетил и инвентар во полициска станица.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 28 август пријавениот физички нападнал полициски службеници додека тие преземале службени дејствија.
По нападот, 29-годишникот бил лишен од слобода, но според МВР, по приведувањето оштетил и дел од инвентарот во полициската станица.
При извршените проверки било утврдено дека тој бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,82 промили.
Против Е.А. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, „загрозување на сигурноста“ и „оштетување туѓи предмети“.










