ПРВ.мк
Црна Хроника

ОСТАНАЛ БЕЗ 18.000 ЕВРА: Измамници го убедиле дека во куќата има „црна магија“

ОСТАНАЛ БЕЗ 18.000 ЕВРА: Измамници го убедиле дека во куќата има „црна магија“

Шеесет и шестгодишен жител на Кочанско останал без 18.000 евра откако бил измамен од неколку лица кои го убедиле дека во неговиот дом има „црна магија“.

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 24 септември во 23 часот во ОВР Кочани. Како што навел оштетениот, лицата дошле во неговиот дом и му кажале дека во куќата има „црна магија“ која треба да биде отстранета.

За наводно да ја „тргнат магијата“, измамниците побарале од него да им ги предаде сите пари што ги поседува. Мажот им поверувал и им дал вкупно 18.000 евра, по што тие го напуштиле неговиот дом.

Откако сфатил дека бил измамен, 66-годишникот го пријавил случајот во полиција.

Од СВР Штип информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.